Здружениe "ЗА ТЕБЕ"

Здружениe за помош и поддршка на деца без родители "ЗА ТЕБЕ" Скопје.
„За тебе“ Скопје е организација која им пружа помош и поддршка на млади во социјален ризик, односно лица кои до 18-годишна возраст имале статус на дете без родители.
Идејата за отворање на ваква организација во земјава се појавила откако претседателката на здружението, Цеце Николова, дошла до заклучок дека овие лица се оставени сами на себе по навршување на нивната 18-та година, со оглед дека и самата поминала низ целиот процес на осамостојување, на само 18 години.
„4U“ има за цел да го поттикне општеството да им биде семејство на овие лица, со креирање на програми преку кои експертите во својата област ќе можат споделат дел од своето време, знаење и вештини, за и овие младинци да имаат достоинствен живот.
На нивните корисници им нудат помош и поддршка при вработување, покрај нив се и во процесот на наоѓање место за живеење, потоа, изготвуваат кариерен план - според кој се поставуваат конкретни цели за понатамошно делување. Имаат доста успешни хуманитарни акции за собирање на храна и основни средства за хигиена или било што што му е во моментот потребно на корисникот. Исто така, „4U“ нуди различни типови на обуки, доедукации во областа во која што сакаат да се насочат во иднина.

mk_MKMK