Association “Give us wings”

Здружение на граѓани за лица со дисфункции,хендикеп,ретки болести и посебни потреби ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА -Скопје
Здружение на граѓани за лица со дисфункции,хендикеп,ретки болести и посебни потреби ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА од Скопје е формирано за остварување на своите цели и задачи ,а имено основна цел и задача на Здружението е едукација на сите возрасни нивоа за развивање на човековите вредности,следење и сервисирање на лицата со посебни потреби во подолг период,создавање референтна база на податоци за лицата со посебни потреби и воведување на етаблирани методи и збогатување на понуди од техники на третирање на одделни физички и ментални дисфункции во Република Македонија.
Други цели и задачи на Здружението се : креирање на листи на протокол за секоја поединечна категорија на болести,синдроми и слично,интерактивна страна за засегнатите и оние кои сакаат да добијат информации за проблемите со кои се соочуваат,нивните права над институциите,терапии,светски центри,авторитети и линкови со советиници кои волонтерски би биле достапни,едукација и усовршување преку семинари,конгреси и трибини на стручни лица кои работат со деца и возрасни со посебни потреби,залагање за подобрување на квалитетот на живеење на лицата и промена на моделот на комуницирање во насока на подобар квалитет.

en_USEN